Мај – месец на Марија

Да се разговара со Мајка Божја

Спонтано и сосема разбирливо е да расте во нас желбата да се сретнеме со Мајка Божја која е и наша Мајка. Сакаме да ја сретнеме како жива личност: затоа што над неа не победила смртта, таа со душата и со телото е со Бог Отецот, со неговиот Син и со Светиот Дух. За да ја сфатиме улогата во христијанскиот живот,  од Нејзе да се чувствуваме привлечени, со детска љубов да го бараме нејзиното присуство, не треба многу да размислуваме, иако тајната на нејзиното божествено мајчинство е толку длабока и посебна што никогаш не би било доволно колку и да се размислува.

Знак на посебната Божја љубов

Католичката вера гледа во Марија привилегиран знак на љубовта Божја; Бог уште сега нè нарекува свои пријатели; во нас делува неговата милост, таа во нас го совладува гревот и ни дава сила и покрај слабостите – прашина и беда сме – и сепак некако се отсликува лицето Христово. Не сме само бродоломци на кои Бог им вети спасение затоа што тоа спасение веќе делува во нас. (…)

Како обичниот син или ќерка се однесува кон својата мајка?

На илјада начини кои спонтано се покажуваат, секој пат поинаку и согласно со ситуацијата, но која никогаш не е ограничена само на надворешниот облик: искрен израз на заедничка припадност, секојдневните ситници кои на детето му се потребни од страна на неговата мајка, а кои на мајката и недостасуваат кога ќе изостанат: бакнеж, нежност при заминувањето и доаѓањето дома, мал подарок, неколку искрени зборови.

И во нашиот однос кон нашата Мајка Небесна постојат исто така такви детски склоности на средбата со Неа. Многу христијани се држат до стариот обичај да носат шкапулар; некои имаат навика да ја поздрават иконата на Мајка Божја која ја среќаваат во христијанските домови или на улиците во многу градови – зборови дури не се ниту потребни, доволна е само кратка мисла; некои молат Бројаница, таа прекрасна молитва кај која душата не се изморува што секогаш ги изговара истите зборови, како што не се изморуваат вистински вљубените и молитва која знае да ги оживее централните моменти од животот на Господ; или на Марија се посветува одреден ден во неделата. (Средба со Христос 142)

Марија Мајка Божја живеела во своето место незабележливо како секоја друга жена. Научи од неа да живееш едноставно и природно. (Пат 499)

josemariaescriva.info/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот