Мајка Тереза: Премногу егоизам и жед за заработка
Оскудеваме во верата, бидејќи има премногу егоизам и жед за заработка. Верата, за да биде вистинска, мора да биде љубов која се дарува. Љубовта и верата чекорат една со дурга и меѓусебно се дополнуваат.
Пред Божјиот олтар дојди со чисто срце
Горчината и гордоста се браќа близнаци, а нив ги следи и лошото расположение. Не се доаѓа пред Божјиот олтар со тие чувства во срцето: дојди кај Него со чисто срце!
Пари
На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: »Што да правам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.« Па рече – вака ќе направам: »ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,. и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!« Но Бог му рече: »Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?«. Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.” (Лука 12,16-21)
Поради парите не смеете да заборавите, дека ние и нашите пријатели сме повеќе вредни кај Бог од лилјаните во полето и птиците на небото. Постојано настојувајте да разберете дека вашиот начин на живот е Исусов и дека Тој ве води до совршена љубов кон Бог и оној кој е покрај вас. Тоа е светост. Тоа не е луксуз за некој, туку вистинска едноставна должност за сите нас – ваша и моја.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк