Мајка Тереза: Не е важно…

„Човекот е неразумно и себично суштество“.

Не е важно, сакај го!
„Ако правиш добро, ќе кажат дека тоа го правиш од саможиви цели“.
Не е важно, прави добро!
„При остварувањето на своите цели – ќе сретнеш лажни пријатели и искрени непријатели“.
Не е важно, остварувај ги своите цели!
„Доброто што го правиш ќе биде заборавено утре“.
Не е важно, прави добро!
„Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив“.
Не е важно, биди искрен и чесен!
„Она што си го создавал со години може да биде разурнато во еден миг“.
Не е важно, создавај!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот