Мајка Тереза за радоста

Радоста е молитва, радоста е сила, радоста е љубов, радоста е мрежа со која ќе ловите души.

Радоста се гледа во очите, во говорот и во одењето. Неа не може да се држи затворена во себе. Таа секогаш е видлива. Кога другите во вашите очи гледаат неопишлива среќа, ќе сфатите што значи да се биде син на Бог на љубовта. Замислете сестра со тажно лица и несигурни чекори како ги посетува нашите домови. Каква порака им пренесува таа на луѓето со нејзината појава? Само уште поголема потиштеност.

Радосното срце гори од љубов.

Свети Павле вели дека секој мора да делува со ентузијазам со добра волја и без присила, бидејќи Бог го љуби оној кој дарува со радост. Многу дава оној кој дава со радост, со насмевка и во тоа, како и во сѐ друго, луѓето ќе ги видат вашите добри дела и ќе го слават Отецот. Најдобар начин да се искаже благодарност кон Бог и ближниот е да се прифати сѐ со радост.

Радосното срце е плод на горливата љубов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот