Мајка Тереза за најголемата цел

Создадени сме за големи дела. Не сме создадени за живот без цел.

И таа најголема цел е да да љубиш и да бидеш љубен.

Во светот постои страдање. Материјалното страдање значи да се биде гладен и без кров над глава, но сепак мислам дека најголемо страдање е човек кога е осамен, кога не се чувствува сакан или кога нема никој. Луѓето кои вистински и потполно се сакаат, се најсреќни на светот. Ова го тврдам, меѓу овие наши сиромашни луѓе. Ги сакаат децата и својот дом. Имаат многу малку, но сепак се среќни.

Да се расте во спознавањето на Бог

Ако сакаме да дадеме, мора да имаме. Оној кој има задача да им дава на другите, прво треба да расте во спознавањето на Бог, мора да биде исполнет со тоа спознавање.

Во иднина постои само Бог

Толку многу е кажано за понизноста, а сепак не може да ве научи на понизност. Толку многу прочитано, а не може да ве научи на понизност. Ќе научите да бидете понизни само ако прифаќате понижувања. А со нив ќе се сретнувате низ целиот живот. Ако вистински му припаѓаме на Бог, мораме да му бидеме на располагање. Не смееме да се плашиме од иднината. Нема никаква причина. Во иднина е Бог.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот