Мајка Тереза: Богородица нека ви биде блиску, многу блиску
Еднаш ме посети еден брачен пар, очајни родители, и ми раскажаа: „Венчани сме веќе шеснаесет години и немаме деца. Толку многу посакуваме дете. Дали ќе саката да молите за нас?
Им дадов еден чудотворен медалјон, и покрај тоа што беа хиндуисти, и им реков: „Во текот на денот често ќе повторувате: Маријо, Мајко Исусова, дај ни дете.“ Така и направија: молеле и молеле. Неколку месеци после тоа мажот се врати и рече: „Мајко, мојата жена очекува дете.“
Гледате? Треба само да се има длабока доверба во Неа. Таа е Исусова Мајка и наша Мајка. Никогаш нема да дозволи да се случи некое зло на семејството, затоа што Таа ве сака и исто така нежно како што го сака својот Син. Молете ја постојано за да ве направи родители.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк