Папата Фрањо повеќе пати истакна дека светоста е за сите, дека таа е цел која не може да се постигне само со сопствените сили, туку таа е плод на Божјите благодати и нашиот слободен одговор на неа. Тие се зборови кои најдобро го изразуваат животот на тоа момче од Бриндиси кој почина во 2009 година, а денес е чесен слуга Божји.
Младите се тие кои во последните години го прават списокот на светоста. Социјалните мрежи и интернет страниците овозможија запознавање на животот на голем број млади луѓе и нивната вера: од Карло Акутис кој би можел да стане заштитник на интернетот, до Сандра Сабатини девојката од Римини, позната како „света свршеница“.
Чисти и со насмеани лица затоа што радоста е карактеристика на светоста, зборови кои остануваат втиснати во сеќавањето и само еден повик – да се даде место на Бог, одејќи во насоката која Он ја покажува и кон планот кој го има за секој од нас. И да го правиш тоа едноставно како што е едноставно Евангелието. Јасно, како огледало како што напиша Матео Фарина, момчето од Бриндиси кој почина на возраст од само 19 години од тумор на мозокот.
Сакам да бидам огледало, најјасно можното, и ако е твоја волја да ја одржувам твојата светост во срцето на секој човек. Благодарам за животот. Благодарам за верата. Благодарам за љубовта. Твој сум… Со очите свртени кон небото сакам да го живеам својот живот, о Господи со очите свртени кон небото за да ја видам само љубовта, затоа што сакам еден ден да живеам засекогаш со тебе, без грев, само со љубовта – напиша Матео.
Неговиот живот е симбол на светоста на дофат на рацете. Папата би го нарекол „светецот од соседството.“ Роден е во 1990 година во парохијата ја открил фрањевската харизма и љубовта кон отец Пио од Пиетрелчина. Кога имал нешто повеќе од 13 години се разболува; тоа било почеток на долг макотрпен пат. Починал во 2009 година, во 20 година од животот. Папата Фрањо го прогласи за чесен слуга Божји на 5 мај 2020 година.
Ватикан њуз/к.мк