Марш за живот во Париз

Повеќе илјади противници на абортусот, поттикнати од шпанскиот пример, протестираа во недела 19 јануари во Париз против предлог законот на кој се работи за потполно да се банализира доброволното прекинување на бременоста во Франција.

Со извици „Да за животот“ или „Да живее Шпанија“ бројните демонстранти мафтаа со знамиња на Шпанија каде што владата предвидува укинување на правото на абортус, освен во некои многу специфични случаи.

Шпанија „денес е пример“ истакнуваат организаторите на „Маршот за живот“ кои се противат на некои одредби во предлог законот за еднаквост на жените и мажите за кои француските пратеници ќе дебатират следната седмица.

Освен во 2013 кога таа група се придружи на голема манефестација против истополовите бракови, „Марш за живот“ во Париз, секоја година 15 здруженија организираат протест околу годишнината од донесувањето на законот во 1975 година, со кој се легализира абортусот во Фрација.

Демонстрантите добиле подршка и од папата Фрањо кој ги поттикна да „продолжат да се занимаваат со тие толку важни прашања.“

Лаудато/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот