Мала Богородица – Раѓањето на Пресвета Богородица

Литургијата нѐ повикува да го молиме Бога за да празникот на Раѓањето на Богородица нѐ направи да растеме во мирот. Всушност тоа е празник кој што треба да го зголеми мирот во нас, бидјќи ни зборува за љубовта Божја кон нас.

Раѓањето на Пресвета Богородица е знак дека Бог за нас го подготвил спасението: затоа ги подготвил телото и душата на Исусовата мајка, која е исто така и наша мајка.

Свети Павле во своето послание до Римјаните пишува: „Оние кои ги позна порано, нив и ги определи да бидаат слични по образот на неговиот Син“ (8, 29). Ова е особено точно за Богородица, предодредена да биде слична на образот на Синот Божји и нејзин син. И Бог ги подготвил сите работи во согласност на оваа намера: „Знаеме дека сѐ им врви добро на оние кои го љубаат Бога“, читаме ред погоре од истото послание.

Бог ги подготвил сите човечки генерации во поглед на раѓањето на Марија, во поглед на раѓањето на Исус, и заедно дејствуваше со надприродни средства. Може да се каже дека се појавува природен и надприроден дел, едниот и другиот неопходни за раѓањето на Марија.

Оваа долга серија на генерации, едноставна монотона за читање, во суштина е како една синтеза за една жива историја, честопати исто така сочинувана и од грешници, која била предводувана од Бога кон раѓањето на Марија и Исус.

Но, на крајот Божјиот план бил остварен преку надреални, збунувачки средства: Јосиф не разбира што се случува, бидејќи сето тоа се случило преку дело на Светиот Дух. Затоа не се доволни човечките генерации кои се наследуваат низ времето за да се исполни Божјиот план: неопходна е интервенцијата на Светиот Дух.

Сето тоа ни зборува за љубовта Божја: љубовта на Бог создателот, љубовта на Бог спасителот.

Денес треба, повеќе од било кога, да му ја искажеме на Бога нашата благодарност, нашата радост затоа што тој ја сакаше Марија, а нѐ засака и нас.

ЛаКиеза/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот