Македонски Каритас ја честиташе 25 годишнината на Хрватски Каритас

Македонски Каритас ја честиташе 25 годишнината на Хрватски Каритас

На 24 ноември Хрватски Каритас ја прослави 25 годишнината од своето делување. По тој повод директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија упати честитка до директорот на Хрватски Каритас монс. Фабијан Свалина,  во која вели:

Јубилеите се секогаш можност на момент да се осврнеме на минатото и да благодариме на изминатиот пат. Благодарност упатуваме пред се на Господ Бог за сè што направи во овие 25 години и благодарност до сите оние кои ги вградија своите сили и време, таленти и пред се љубовта во помагањето на најпотребните. Којзнае колку избришани солзи, испружени раце, подарени насмевки, колку сведоштва на човечка близина и делотворна љубов е впишано во многу срцата?!

Радо ја повторувам дефиницијата дека Каритас е инкорпорација на Христос во светот што значи дека преку Каритас луѓето треба да ја доживеат Христовата божествена љубов. Затоа сме повикани – сите ние кои на било кој начин учествуваме во неговата работа – да делиме милосрдие кое и самите го добивме и сведочиме дека Бог нас навистина не сака такви какви што сме.

Посакувам на сите вас – и нам со обновена вера и љубов да бидеме опиплив знак на Христовата љубов за секој човек кој ќе го сретнеме. Нека во тоа возвишено послание Светиот Дух го прати секој чекор и иднината на Хрватски Каритас“, стои во честитката од директорот на Макеоднски Каритас.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот