Делегација на Македонски Каритас предводена од директорот о. Зоран И. Стојанов учествуваше на Регионалниот Форум за заштита на деца и ранливи групи, кој се одржа во Бар – Црна Гора од 22 до 23 март 2023 година, чиј што домаќин беше Каритас Црна Гора.
Целта на Форумот беше да се претстават добрите практики, како и споделувања на искуства за начините и процедурите за заштита на деца и ранливи групи во активностите кои се спроведуваат од институции кои делуваат во рамките на Католичката Црква.
Македонски Каритас исто така имаше презентација на своите искуства и практики и на се она што досега го има направено и го прави на полето на заштита на корисниците.
Во рамките на Форумот беа исто така остварени билатерални средби со претставници на партнерски организации, со кои што Македонски Каритас соработува на разни проекти.
к.мк