Македонски Каритас дел од регионалната програма за вработување на млади

Македонски Каритас дел од регионалната програма за вработување на млади

Од 26 до 28 февруари 2024 година во Подгорица Македонски Каритас со тимот вклучен во проектот YourJob II учествуваше на Регионалната конференција насловена „Вработување на младите – предизвици и можности“.

Конференцијата ја отвори надбискупот на Бар и претседател на Каритас Црна Гора монс. Рок Ѓонлешај. Поздравни зборови упати г. Марко Ѓеловиќ, директор на Каритас Црна Гора, кој истакна дека невработеноста кај младите е глобален проблем, а со тоа и во Црна Гора. Коордианторот на Македонски Каритас г. Спасе Спасов ги презентираше планираните активности на проектот YourJob II во Македонија.

По воведните поздрави и зборови за поддршка за програмата YourJob II и презентацијата на програмата, беа организирани две панел дискусии, на кои беа споделени искуства и примери на добри пракси.

Програмата „YourJob II“ е регионален проект за создавање можности за вработување на младите на Балканот и се реазлира од 2019 година. Конкретните активности ја зголемуваат конкурентноста на младите на пазарот на труд и влијаат на намалување на невработеноста кај младите. Програмата се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, а од оваа година се спроведува и во Македонија и Црна Гора.

Во Македонија проектот го спороведува Македонски Каритас во општините Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Гевгелија и Богданци.

к.мк

 

Посетете ги профилите на YourJob на

Facebook и Instagram

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот