Македонија во чест на Свети Кирил

 Рим, 23.5.2013 /к.мк/ – Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски престојува во дводневна посета на Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Во македонската црковна и државна делегација преставници има и од Католичката Црква од Македонија.

Македонската државна и црковна делегација ќе биде примена од папата Фрањо, а Претседателот на Собранието Вељаноски и собраниската делегација ќе се сретнат и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчизио Бертоне.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Оваа година се одбележуваат 1150 години од Моравската мисија на светите браќа и рамноапостоли Кирил и Методиј.

Категорија: Ватикан, Македонија

За авторот

Write a Comment

<