Мажот и жената се создадени на образ и подобие Божјо

Мажот и жената се создадени на образ и подобие Божјо

И покрај тешкотиите и проблемите во бракот и семејниот живот, папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта, на 25 мај 2018 година повика да гледаме на убавината на бракот.

Во центарот на проповедта на Папата на светата Литургија која ја служеше на 25 мај 2018 година во домот Света Марта, на која меѓу останатите беа присутни и седум брачни парови со проживеани 50 и 25 години брак.

Дали е дозволено или не

Делот од Евангелието според Марко, прочитан на денешната Литургија, зборува за намерата на фарисеите да го стават Исуса на искушение поставувајќи му прашање кое папата Фрањо го нарече „казуистика“. Тие се прашања за верата – објасни – кои можат да се сумираат во проблемот „дали е дозволено или не“ и во кои верата е сведена на едно „да“ или „не“. Не станува овде збор за големо „да“ или за големо „не“ за кое слушнавме (во првото читање Јаков 5, 9-12). Христијанскиот живот е живот во согласност со Бог, според мислењето на тие луѓе, секогаш се состои во тоа „дали е дозволено“ или „не е дозволено.“

Да ја гледаме убавината на бракот

Прашањето на фарисеите се однесува на бракот; сакаат да знаат дали е дозволено мажот да ја отпушти сопствената жена. Но – истакна Папата – Исус оди понатаму, доаѓа до создавањето и зборува за бракот кој можеби е нешто најубаво што Господ го создал во тие седум денови. „Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие веќе не се двајца, а едно тело.“ Силно е тоа што го вели Господ – коментираше Папата – зборува за тело кое не може да се раздели. Исус го остава на страна проблемот на разделувањето и оди на убавината на брачната двојка кој треба да биде само едно.

Не треба да се задржуваме како фарисеи на тоа „може“ или „не може“ да се раздели еден брак. Понекогаш има несреќни случаи кога не функционира, и подобро е разделба за да се избегне светска војна, но тоа е несреќа – рече Светиот Отец и поттикна:  Да го погледнеме она позитивното.

Секогаш може да се оди напред

Раскажа еден настан, кога се сретнал со брачна двојка која славела 60 години брак, и на неговото прашање дали се среќни, се погледнале и трогнати, со очи полни со солзи двајцата одговориле: „Заљубени сме!“ Вистина е дека има тешкотиите – додаде папата Фрањо – постојат проблеми со децата или со самата двојка, дискусии и кавги… но важно е телото да остане едно, и (проблемите) да се надминат.

Тоа не е света Тајна само за нив, туку и за Црквата, како тоа да е света Тајна која привлекува внимание. Знајте дека љубовта е возможна! – истакна и додаде: Љубовта е способна да даде човекот да живее заљубен цел живот; во радост и во болка; со проблемите со децата, и со нивните проблеми… но секогаш треба да се оди напред. Во здравје и во болест, но секогаш напред. Тоа е таа убавина – истакна Папата.

Брачната двојка – образ и подобие Божјо

Мажот и жената се создадени на образ и подобие Божјо, и самиот брак станува таков. Негова слика, заради тоа е толку убаво – рече и истакна: Бракот е тивка проповед за другите, секојдневна проповед. Жално е кога тоа не е вест, кога весниците и телевизиите тоа не го земаат за вест. Таа двојка, толку години заедно… тоа не е вест. Вест е скандал, развод, или пак оние кои се разведуваат – понекогаш мора да се разделат, како што реков, за да се избегне поголемо зло… Но сликата Божја не е вест. А тоа е убавината на бракот. Тие се на образ и подобие Божјо. И тоа е нашата вест, христијанската вест – рече Папата.

Трпението најважната добродетел

Не е лесен брачниот и семејниот живот – повтори папата Фрањо и се осврна на првото читање земено од Посланието на свети Јаков апостол, кое зборува за трпението. Можеби во двојката најважната добродетел е трпеливоста и кај жената и кај мажот – тоа го истакна во проповедта и ја заврши со молитва упатена до Господ да подари на Црквата и на општеството поголема и поубава свест за бракот, која сите можеме да ја сфатиме и видиме дека во бракот се наоѓа образот и подобието Божјо – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот