Лицемерието е вирус, кој може да се победи со молитва

Треба многу да молиме за да не се заразиме со „вирусот“ на лицемерието кој освојува со лаги, останувајќи во сенка – е Исусовиот поттик кој папата Фрањо го истакна во проповедта на светата Литургија во петок 16 октомври 2015 година во домот Света Марта.

Треба многу да молиме за да не се заразиме со „вирусот“ на лицемерието кој освојува со лаги, останувајќи во сенка – е Исусовиот поттик кој папата Фрањо го истакна во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта. Лицемерите немаат некоја боја туку играат со делумна боја – рече Папата и објасни – се вовлекуваат и освојуваат во светло-темнина со привлечноста на лагата.

Осврнувајќи се на делот од Евангелието по Лука од денешната Литургија кое зборува за Исус и неговите ученици во толку големо мноштво што „се газеа еден со друг“, Папата го истакна јасно Исусовото предупредување упатено на учениците: „Пазете се од квасот фарисејски.“ Станува збор за многу мала работа, за квасец – рече Папата – но како што Исус зборува за тоа изгледа како да сака да каже дека станува збор за „вирус“. Како лекарот кој своите соработници ги предупредува да се пазат од можноста за зараза.

Лицемерието е начин на живот, делување, говор кој не е јасен – рече Светиот Отец. Можеби се шегува, можеби е сериозно… Не е светло, не е сенка… Се движи така што изгледа како да не е за никого опасно како змија, но привлечно е како светло-темно. Ја има привлечноста на нејасност, говор во кој работите не се кажуваат јасно; има привлечност на лага, привид… На лицемерните фарисеи Исус им зборувал дека се полни со себе, полни со суета, сакаат да шетат по улиците покажувајќи дека се важни, учени луѓе… – рече Папата и продолжи – Исус пак го смирува народот. Не плашете се, кажа бидејќи нема ништо сокриено, а да не се открие, ни тајно – што не ќе се узнае.“

Односно – рече папата Фрањо – како да кажал дека сокривањето не помога, иако фарисејскиот квасец доведувал и доведува до тоа луѓето повеќе да ја сакаат темнината отколку светлината. Тој квасец е вирус кој те прави болен и заради кој ќе умреш! Чувајте се! – истакна Папата и повтори – Тој квасец те води во темнина. Чувајте се!

Но, постои некој кој е поголем од тоа: Тој е Отецот кој е на небесата. „Зар не се продаваат пет врапчиња за два асарија? И ниедно од нив не е заборавено од Бога. А вам, и влакната на главата ви се изброени. Не бојте се: од многу врапчиња вие сте поскапи. – рече Папата наведувајќи ги зборовите од Евангелието и додаде – Пред сите тие стравови кои тука и таму се ставаат пред нас и кој ни го поставуваат вирусот, тој квасец фарисејски на лицемерието, Исус ни говори: Постои Отец кои ве сака. Постои Отец Кој се грижи за вас.

Има само еден начин на кој може да се избегне заразата – смета папата Фрањо. Тоа е патот кој ни го кажува Исус, а тоа молитвата. Единствено решение, за да не попуштиме на онаа фарисејско однесување кое ниту е светлина ниту сенка туку е на половина пат кој никогаш нема да дојде до Божјата светлина. Затоа да молиме.

Да молиме многу – поттикна Папата и повика кон Господ. Господи, чувај ја својата Црква кој ја правиме сите ние; чувај го својот народ кој се собрал и кои едни со други се газеа. Чувај го својот народ бидејќи ја сакаш светлината која доаѓа од Отецот, која доаѓа од твојот Отец кој Те испрати Тебе за да нè спасиш. Чувај го својот народ за да не стане лицемерен, да не падне во млакоста на животот. Чувај го својот народ за да ја поседува радоста на спознанието дека постои Отецот кој нас многу нè луби – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот