Ридот секоја година го посетуваат илјадници ходочасници и туристи. Папата Иван Павле II таму служел света Литургија на која учествувале околу 100 илајди верници…
По завршувањето на Втората светска војна поклоничките патувања се забранија, а 1961 година се уништени околу пет илјади крстови. Во средината на седумдесеттите години ридот бил израмнет со булдожери, крстовите запалени, фрлени во река или претворени во старо железо. Областа била затрупана со отпад. Имало уште неколку големи уништувања. После секое уништување, локалнотo население и ходочасниците од Литванија, ноќе, многу бргу, поставувале нови крстови на светиот рид. Во 1985 година властите се откажале од рушењето на ридот на крстовите. Подоцна е вклучено во Списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Место на ходочастие и отпор за комунистичкиот режим
Ридот секоја година го посетуваат илјадници ходочасници и туристи. Папата Иван Павле II таму служел света Литургија на која учествувале околу сто илјади верници. За народот од Литванија ридот е место на ходочастие и отпор на комунистичкиот режим. Спроти ридот е подигната мала црква. Интересно е што Литванија е најсверна меѓу поголемите католички држави на светот. Имено, таа се наоѓа малку посеверно од Република Ирска (исто така католичка држава), а сите останати северни држави немаат католичко мнозинство. Во Литванија католиците сочинуваат околу 77 % од населението.
Традицијата за поставување на крстови на ридот покрај градот Шјаулјај во Литванија, потекнува од времето на тевтонските витези кои градот го окупирали во 14 век. Тешко е да се каже колку точно крстови денес има, се проценува дека од сите страни на светот се донесени и поставени околу сто илјади крстови.
Обид за уништување
Според легендата првиот крст со сопствени раце го направил и го поставил татко на кој му умрела ќерката, а тој по враќањето од ридот ја пронаоѓа жива. Се спомнува и видување на статуа на Блажена Девица Марија со малиот Исус која побарала од луѓето да поставуваат крстови. Поставувањето на крстовите станало традиција после поставувањето на крстови во спомен на жртвите од востанието во ноември 1831 година. Бројот на крстовите со децении растел во знак на ненасилниот отпор на странските освојувачи, затоа властите го прогласиле ридот за непријателски и одлучиле да го уништат.
Бук/к.мк