Од 20 до 23 август, во германскиот град Линдау, се одржува 10-та Светска средба на Меѓународната верска мрежа „Религии за мир“, со учество на претставници од различни религии вклучени во потрагата по општо добро.
Последната средба се одржа во Виена во 2013 година и присуствуваа повеќе од 600 претставници од различни религии. Се очекува 800 луѓе да присуствуваат на настанот оваа година, вклучувајќи богопосветени лица, владини претставници, невладини организации и групи од граѓанското општество, чија цел ќе биде да се постигне длабок морален консензус за современите предизвици, да се избере нов Светски совет и да се промовираат меѓурелигиски акции преку и надвор од мрежата „Религии за мир“.
Тема на ова десетто издание на самитот е „Да се грижиме за нашата заедничка иднина“, а една од нејзините цели е да ја зајакне меѓурелигиската соработка за мир меѓу верските водачи, да се овозможи мир во земјите погодени од насилство и конфликт, како и да го помогне започнувањето на мировните процеси преку меѓурелигиски иницијативи во Демократска Република Конго, Јужен Судан, Северна и Јужна Кореја и Мјанмар.
Ватикан њуз/к.мк