Либанскиот Каритас предупредува за криза во земјата

Либанскиот Каритас предупредува за криза во земјата

Како може да се зборува за мир, кога во регионот се поттикнуваат војни? Кои се последиците од конфликтот во Сирија, Ирак, Либија, Јемен? Само мртви, омраза и насилство рече за агенцијата Сир маронитскиот свештеник отц Пол Карам претседател на Либанскиот Каритас.

Како може да се зборува за мир, кога во регионот се поттикнуваат војни? Кои се последиците од конфликтот во Сирија, Ирак, Либија, Јемен? Само мртви, омраза и насилство. Каде е демократија која некој сака да ја донесе? Само катастрофа. И покрај сè мислам дека сè уште можеме да се надеваме и да живееме достоинствено и со почитување – рече за агенцијата Сир маронискиот свештеник отец Пол Карам претседател на Либанскиот Каритас, а пренесе ватиканскиот весник Осерваторе Романо. Либан не може да ги плаќа сметките за туѓите војни кои беснеат на нашите граници – истакнува свештеникот.

Јасно е дека тие зборови на отец Карам се однесуваат на конфликтите во Ирак и Сирија од кои во Либан пристигнаа повеќе од милион Сиријци, на кои треба да се додадат Ирачаните и да се земе во предвид повеќевековното присуство на Палесинците. Се проценува дека третина од населението на Либан го прават бегалците, што остава сериозни општествени, политички и економски последици во таа земја. А бројот на бегалците е во постојан пораст – стои во статијата на ватиканскиот весник.

Неодамнешните истражувања покажаа дека околу 35% од Либанците живеат под прагот на сиромаштвото. Во исто време се влошува и состојбата на палестинските бегалци – рече отец Карам и притоа истакна дека Либанскиот Каритас, за да ги оствари своите програми, покрена кампања во Великиот пост која се темели на три видови на делување: на помош, дарување и поддршка. Во тоа мтеријалната помош се поврзува со меѓусебното делење и духовната поддршка.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот