Гласот на работниците и понатаму нека одекнува во Црквата

Гласот на работниците и понатаму нека одекнува во Црквата

Гласот на работниците и понатаму нека одекнува во Црквата – е желба на папата Фрањо, која ја изрази во пораката до учесниците на меѓународната средба на Светското движење на христијанските работници, која од 15-21 јули 2017 година се одржува во Авила, Шпанија, по повод 50 години од формирањето.

На средбата учествуваат 12 претставници од тоа движење кое денес е присутно во 79 земји, а тема на средбата е едно мото на Папата кое гласи: Земја, стан и работа за достоинствен живот. Пораката ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, а во неа се истакнува дека достоинството на личноста цврсто е поврзана со тие три работи, кои потсетуваат дека основното искуство на човечкото битие е да се почувствува вкоренет во светот, во семејството и во општеството.

Земја, стан и работа – стои понатаму во пораката – значи дека треба да се бори како секоја човечка личност би живеела во склад со своето достоинство, и никој да не биде отфрлен. На тоа нѐ поттикнува нашата вера во Бог, кој го испрати својот Син во светот како би може да го откупи и спаси човекот со својата смрт и воскресение учествувајќи во животот на својот народ, живеејќи во семејството и работејќи со своите раце. На крајот од пораката Папата ги поттикнува членовите на Движењето на христијанските работници да издржат со обновен занес во настојувањето Евангелието да се однесе во светот на работата.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот