Летен камп во Паљурци

Во Паљурци од четврток 28 август се одржува Летен камп за млади во организација на Апостолскиот егзархат во Македонија во соработка со Општина Богданци. На кампот учествуваат повеќе од 60 млади од повеќе места на Македонија: Скопје, Гевгелија, Богданци, Струмица, Нова Маала, Чанаклија, Петралинци, Радово… како и од Калиновац -Хрватска.

Целата на кампот е да се запознаат младите со Паљурци, неговата важност за Македонија, но исто така и со традицијата, културата и знаменитостите на Општина Богднаци.

Во рамките на Летниот камп ќе бидат посетени Општината Богданци, паркот на ветерници над Богданци, Меѓународната графичка колонија „Софија“ – Богданци….

Летниот камп ќе заврши во недела 31 август со света Архиерејска Литургија во Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, со почеток во 11.00 часот

К.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот