Кустосот на Светата Земја отец Франческо Патон во разговот за Радио Ватикан истакна дека мирот во Светата Земја и во земјите измачени од војната претставува надеж која може да се оствари со дијалог и залагање на меѓународната заедница.
Во Светата Земја надеж има многу. Најголемата надеж е во решението кое се чека веќе со години за луѓето кои живеат во Палестина, да се признае нивниот идентитет и навистина да ја добијат својата држава. Христијаните пак се надеваат дека ќе можат да ја живеат својата вера во поголема слобода, во поголема полнина, и дека ќе можат да живеат од сопствена работа во мир и сигурност, рече о. Патон.
Осврнувајќи се на прологот од Евангелието според Иван, кустосот рече дека во него стои: „И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.“ Но друг можен превод е дека темнината не победи. Па, ова е Божјата драма која влегува во човечката историја; приказна составена од сите оние ужасни работи кои секојдневно ги читаме во црната хроника. Тоа се секако ужасните темни војни кои уништија многу земји на Блискиот Исток: од Ирак и Сирија до Јемен и Либија. Страшно е што темнината продолжува да уништува многу други земји во кои се водат војни кои траат веќе со децении и кои никого повеќе не го интересираат, предупреди кустосот на Светата Земја.
Ова е страшната приказна за темнината во која некој дури и денес доаѓа од најразлични причини и животот го одбива или го одзема. Мора да постои страшна темнина во срцето на еден терорист кој случајно оди да пука среде град за да одземе живот, како и во срцата на оние кои донесуваат одлуки кои имаат влијание на животот на милиони луѓе.
Мислам на одредени одлуки кои се донесуваат на економско и светско ниво како да станува збор за голема игра монопол. Става милиони, можеби дури и милијарди луѓе на колена. Па, ми се чини дека темнината во нашата историја е очигледна. Како христијанин кажувам: Благодарение на Бог доаѓа светлото. И благодарение на Бог темнината тоа светло не го надвладеала. Не го надвладеала тогаш, а ниту сега. И понатаму свети, порача отец Патон.
Знаците на надеж на Блискиот Исток се гледат во состојбата во Сирија, која се чини дека оди кон помирување, како и во сѐ поголемиот број на поклоници во Светата Земја кои на тамошните христијани им даваат чувство дека не се сами, во преговорите помеѓу Израел и Палестина. Се надева дека меѓународната заедница – Организацијата на обединетите нации, САД, Русија и Европската унија ќе им помогнат на патот кон помирувањето.
Пред неколку недели учествував на една духовна обнова за млади христијани од Светата Yемја и видов повеќе од стотина млади кои размислуваат за смислата на својата вера и за фактот дека нивниот живот како христијани овде мора да гледа во иднината, а не само во минатото.
Има знаци на надеж. Затоа кажувам дека темнината и покрај тоа што понекогаш е густа и тешка, не може да го надвладее светлото кое доаѓа од Христовото присуство и преку христијаните, рече о. Франческо.
Ја спомна и посветеноста на христијаните во Витлеем во подготовката на Бројаницата за Светскиот ден на млади. Не станува збор само за една личност или за едно семејство; целата заедница прави нешто што ќе допре до младите луѓе во целиот свет. Ми се чини дека заедница толку искушувана како витлеемската во рацете на неколку милиони млади луѓе положува толку едноставно средство како што е Бројаницата, за размислување за таинствата на спасението кои се остварени во таа земја. Тоа е исто така светлото кое доаѓа од Витлеем и преку младите може да се шири по целиот свет, смета отец Патон.
Ватикан њуз/к.мк