Куманово: Предавање за Торинското платно
Здружението на Хрвати во Македонија – огранок Куманово во четврток 4 јуни 2015 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово организира предавање на тема: „Торинско платно – најистражуван предмет во историјата“. Предавањето ќе го одржи дон Антун Нижетиќ, парох во Католичката црква Свети Иван Крстител во Куманово.
Торинското платно е реликвија на која е втиснат лик на маж, при што научниците досега немаат објаснување како е дојдено до тоа. Торинското платно најверојатно е најистражуваниот предмет во историјата, кое не престанува да ја зачудува науката и јавноста.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија