Прославен патрониот празник во Стојаково

Прославен патрониот празник во Стојаково

На патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“ во Стојаково, 8 декември 2018 година, Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, служеше света архиерејска Литургија, во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија. За време на Литургијата во црквата беа изложени моштите на свети Климент Охридски.

Во својата проповед епископот Стојанов го истакна почитувањето на моштиите во христијанството, како и и за делото на свети Климент Охридски.

На крајот од светата Литургија парохот о. протоереј ставрофор Тома Ангелов се заблагодари на епископот Стојанов за неговото присуство, како и за поучното слово, а верниот народ имаше можност поединечно да се поклони и помоли пред моштите на свети Климент.

Во дворот на црквата верниците организираа агапе, а кумовците на овогодинешната слава, семејството на Катерина и Васил Џалеви приредија во својот дом посен ручок.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот