Крстен Пат на Скопската планина Водно

Во саботата на 12 март 2016 година во утринските часови Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше побожноста Крстен Пат за верниците од Скопската парохија.

Крстниот Пат започна на Средно Водно, од каде присутните се упатија кон врвот на планината Водно каде се наоѓа Јубилејниот крст. Низ 6 киломтери долгата патека верниците наизменично го носеа дрвениот крст, читајќи текстови од побожноста на Крстниот Пат, молеа Света Бројаница и пееја пригодни песни.

Кога групата пристигна на врвот на Водно под Јубилејниот крст, бискупот Стојанов ја молеше завршната молитва, изразувајќи радост заради реализирањето на оваа побожност која веќе станува традиција на парохијата, а и заради сведочењето на верата. Исто така, истакна дека со оваа молитва му ги прикажуваме на Бога нашите лични молитвени потреби, молитвените потреби на нашите семејства.

Средбата продолжи во радосно и пријатно заедништво збогатено со топол напиток.

к.мк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот