Крстен пат за семејства во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

Во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица во недела 30 март 2014 во рамките на пасторалната година „Година на семејството“ се одржа Крстен пат за семејства. Молењето на ваков Крстен пат е поттикнат од семејствата кои учествуваат на средбите што се одржуваат редовно во парохијата секоја недела. Крстниот пат го предводеше о. Гоце Костов, а на него присустуваа бројни семејства. Размислувањата на постојките ги читаа 14 членови од исто толку различни семејства од парохијата. Преминувањето од постојка до постојка беше пропратено со пеење од присутните верници.

Крстниот пат за семејства во Година на верата поттикнува на истрајност во брачната и семејната љубов, која и покрај ненаклонетоста на денешниот егоистичко – материјалистички свет, претставува вредност за која се исплати да се бори. Размислувањата беа конкретни и од секојдневието, така што допре до срцата на присутните и во него секој можеше да најде нешто за себе и да се пронајде. Постојките посветени на семејствата ги охрабрија присутните во носењето на крстовите во животот, соединувајќи се со Христос кој страда заедно со нас.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот