Крстен пат: Втора постојка

Исус го зема крстот

Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме бидејќи со својот крст го спаси светот!

 Да погледнеме на Исус, кој според римскиот закон и како средство за своето мачеништво мора понижен да го носи Крстот по улиците на Ерусалим. Неизделкана, тешка греда. Тој не ја обликува, макар беше наречен дека е „син на дрводелецот“. Остана необработена и тешка. Но, Исус таа греда како крст ја прифати. Ја прегрна. Ја однесе на Голгота. Крстот му стана сопатник и пат до прегратката на Отецот. Со крстот ќе отпочне, после триесет и три години од земскиот живот, средба со Отецот, во единство на Светата Троица. Од тој час, неговиот крст станува симбол и пат кон единството со Бога.

Бракот е божанска установа во кои луѓето се одлучуваат возрасно, самостојно и по избор. Брачниот другар не се наметнува, туку се бира. Многу пати препоставуваме дека личноста со која се влегува во брак добро ја познаваме. Меѓутоа, човечката личност е толку неоткриена и недофатлива, да едвај кој самиот себе се познава до крај, а камоли брачниот другар. Бираме, но само живеејќи, од ден во ден полека го препознаваме брачниот другар. Што ќе се случеше доколку Исус го отфрлеше крстот? Не би го извршил делото на спасението. Изборот на брачниот другар е токму тоа таа чудесна прегратка на конкретната човечка личност со сите нејзини предности и ограничености и храбриот пат заедно до прегратката на Отецот. Другата личност понекогаш станува крстна греда. Ја избра, прегрни ја. Прифаќање на конкретната, а не замислената личност е големината на човекот. Се венчавам со конкретниот човек, а не со човекот од својата фантазија. Таа личност – мојот брачен другар – од Бог има задача преку заедничкиот живот да се усовршува до зрелоста на вечниот живот. Затоа нема никаква причина, апсолутно ниедена, да таа, моја драга личност не се прифати како пат до Бога.

 Да се помолиме

Господи, кој во својата вечна промисла предвидуваш и нудиш животен сопатник во Светата Тајна венчание, ти благодарам за својот брачен другар. Ти си Створител на мојот брачен другар, во кој се препознава упатеноста на едниот кон другиот. Што ти сврза човекот да не разрешува. Дај никогаш да не паднам во напаст од срцето го испуштам тој избор кој нѐ прави еднакви. Преку Христос, нашиот Господ. Амин.

 Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..

Смилуј ни се Господи – Смилуј ни се

Превод:о.Д.Т

За авторот