Краток преглед од работата на Синодата (6.10.2014)
Канцеларијата за печат на Светата Столица објави краток преглед на работата на 6 Октомври на епископската синода. Темите на расправа, постапувајќи според работниот документ Instrumentum Laboris беа „Божјиот план за бракот и семејството“ и „Познавање и прифаќање на науката за бракот и семејството со Светото Писмо и црковните документи.“ Истакната е потребата за користење на соодветен јазик за науката за семејствата, животот и човечката сексуалност да бидат исправно сфатени, а во дијалог со светот потребен е отворен и искрен критички став. Предизвик е да се помине од обрамбен во активен и навестителски став.
Неопходно е на паровите со потешкотии, Црквата секогаш да им биде близу искажувајќи им милосрдие – истакнато е во резимето – но во контекст на праведноста, бидејќи единствено така може да се почитува Божјиот план. Во таа смисла, синодата не се преиспитува за науката, туку бара нови пасторални пристапи. И кон оние кои се во нерегуларни ситуации должни сме да имаме почит ценејќи ги во таквите врски добрите елементи, со надеж дека може добро да се развие и во несовршени околности.
Истакната е загубата на чувството за сојузот помеѓу Бог и човекот во општеството каде што преовладува одреден вид на „само-обожавање“ и потребата за нагласување на конечното предавање засновано на сојузот на сопружниците со Бог. Исто така забележена е опасноста на одреден вид на клерикализам – повеќе грижа за моќ во Црквата отколку за навестување на Евангелието. Обновата на Црквата мора да почне од обновата на пастирите – заклучено е.
За време на слободната расправа од 18 до 19 часот се искристализираа две предлога: прво, синодата да испрати охрабрувачка и поттикнувачка порака до семејствата во Ирак на кои им се заканува истребување заради исламистички фанатизам. Вториот предлог беше да се размисли и за оженетиот клер во Источните Цркви кои често доживуваат сопствени „семејни кризи“ – извести Канцеларијата за печат на Светиот Престол Столица.
РВ/Д.И.