Размислување според Евангелието по Матеј 22,35-46, наменето за Петнаестата недела по Педесетница
Во Евангелието за Петнаесеттата недела читаме откако Исус ги замолкна садукеите, фарисеите најдоа законодавец и го испратија кај Христа со провокативно прашање за тоа која е најголемата заповед во законот. Како може да се опише оваа нивна постпака?
Можеме да ја препознаеме големата омраза на повеќето водачи на израелскиот народ кон Исус Христос. Ништо не ги спречи. Иако сите нивни подмолни планови на средбите со Спасителот останаа без успех, тие се обидуваа повторно и повторно да го фатат, барем на збор. Каков одговор очекуваа кога го прашаа за најголемата заповед? Тие не очекуваа Христос да укаже на оној што им го даде Господ преку Мојсеј на планината Синај. И свети Иван Златоуст претпоставува, дека очекувале Христос да ја поправи оваа заповед така што Тој ќе се нарече себеси Бог, во тој случај тие ќе имаат можност да Го обвинат (сп. Свети Иван Златоуст, 71. разговор за Матеј).
Синот Божји смирено истакна дека треба да се сака најмногу Бог, и веднаш додава да се љуби ближниот како самиот себе си. Следователно на тоа оној што не го сака својот ближен, не може да се пофали со својата љубов кон Бога. Со овој одговор, Месијата сакал да ги научи книжниците дека можат да уживаат во љубовта Божја само кога ги сакаат сите. „Затоа, Љубовта е исполнување на законот“ (Римјаните 13,10).
Наместо тоа, тие бараа причини како да Го фатат за нешто и да Го убијат. Воопшто ништо не им значеше љубовта, тие не го сакаа Исус Христос, покажувајќи го својот став кон Бог Отецот, Создателот на сѐ што е видливо и невидливо. Најважно е секој човекда сведочи за љубовта кон ближниот не само со зборови, туку и со дела, доживувајќи ја длабоко во своето срце. Оној кој нема таква љубов кон својот ближен, не го сака ниту Господ. Исус Христос предупреди: „Бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе се олади“ (Матеј 24,12). И беззаконието, гревот, се надополнува во срцето на човекот, кој исто така се излева. За време на средбата на Христос со апостол Петар по воскресението, Спасителот го праша дали го љуби, а кога одговори потврдно, Христос го упати да ги пасе овците негови. Никој не може да биде пастир на овци ако не ги сака. Овците не секогаш го слушаат својот пастир, тие често талкаат,се оддалечуваат од стадото. Како и да е, задачата на пастирот е да ги побара и да ги доведе до стадото, а тоа може да го направи само пастир кој има љубов, а платеникот никогаш нема да го стори тоа.
Дали постои љубов во нашето општество? Очигледно, таа бара засолниште во човечките души. Љубовта лута во Македонија, лута низ светот. Колку би било добро ако Љубовта Божја најде постојано место во срцето на учителот, лекарот, политичарот, војникот, свештеникот, едноставниот работник, пензионерот и сите други. Ако нема љубов кон ближниот, нема љубов ниту кон Бога. Кога нема љубов, тогаш што има во срцето на човекот? Нема ништо просечно. Кој не сака мрази, го осудува својот ближен, го презира, го убива во себе. Зошто ваков став на човекот кон човекот? Бидејќи човекот ја занемарува борбата „против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефесјаните 6,12). Злобниот дух го заспа човекот, го убеди дека не треба да се бори, дека е негов пријател и ќе му помогне во сѐ. И луѓето често веруваат во тоа, како Ева во рајот. Ѓаволот не тврди дека Господ е лош, но уверува дека тој, нечистиот дух, е подобар, неговите понуди се поиплатливи, кои се реализираат на земјата, а не во друг свет, не по смртта, дека дава вистинска слобода. Тој ги убедува луѓето дека Господ забранува сѐ: не крадете, не убивајте, не извршувајте прељуба … ѓаволот не го ограничува човекот со заповеди, напротив: крадете, убивајте, предавајте се … Но, каде е крајот на сето ова? Кој ќе ја утврди вистината по убиства, кражбите, предавства итн.? Оној што рече: „Јас сум патот, вистината и животот!“ (Иван 14, 6). Човекот бара правда, која ќе ја утврди Врховниот судија. Кој е тој – судијата? Светиот апостол Петар, проповедајќи во Јопија, ги кажа следните зборови за Исус од Назарет: „… Он е од Бога определениот Судија над живите и мртвите“ (Дела 10,42). И самиот Спасител рече за себе дека ќе дојде во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи(сп. Матеј 25,31). Да се вооружиме со љубов и да внимаваме да не бидеме измамени.
Која е најголемата заповед? Сакајте го Бога со сето свое срце, со сета своја душа … Сатаната нема ништо против оваа заповед ниту овде, но наместо Бог на човекот му нуди други богови: пари, накит, скапи автомобили, луксузна облека, потрага по страсти, власт меѓу луѓето, позиции, итн. Еве го вашиот бог, повторува ѓаволот, служете му, затоа вие сте мојот слуга, бидејќи јас сум „кнезот на овој свет“. И „кнезот на овој свет“ нема да има ништо во човекот само ако во неговото срце завладее љубовта кон Небесниот Отец.
Исус нѐ потсетува денес на љуботва кон Бог Отецот и кон нашиот ближен. Многу често ги користиме Божјите дарови само за нас, за да го зголемиме нашето „јас“, за да го подобриме нашиот имиџ во очите на луѓето.Тоа е загуба. А најлошото е кога мислиме дека го сакаме Бога и му служиме на Бога, но избираме да почитуваме само некои заповеди, оние што ни се полесни за почитување, оние што најмногу ни се допаѓаат. Се губиме во сето ова и забораваме дека главната работа е љубовта и милоста. Да сакаш не значи да ги користиш другите, да се споредуваш со другите за своја корист. Љубовта не значи презир кон другите, како што правеа фарисеите, на пример. Повторно, не можеме вистински да сакаме ако сме во грешна темнина. А неверната љубов е пустелија што никому не му е потребна. Таквата љубов ја утешува мојата себичност, ја потврдува идејата дека сум најдобар и вистината е секогаш во мене. На овој начин, луѓето стануваат како садукеите и фарисеите, кои го искушувале Христа со прашањето која е најголемата заповед, и тоа го правеле подмолно.
Ние ги почитуваме апостолите, светците, но малкумина од нас сакаат да ги следат, бидејќи малкумина сакаат да бидат заборавени и трпеливи заради Исус. Сакаме да ги осудуваме другите, „плевејќи туѓи градини“, а нашите, пак се обраснати со „грешни плевели“. Нашето појавување во идниот свет пред Бога не е толку далеку. Со какво духовно добро се полни нашите раце? Можеби тие се празни или исполнети со товарот на гревот? Угнетување, тешкотии, малтретирање, прогонство, понижување – ако се плашиме од тоа, се оддалечуваме од себе, бидејќи не разбираме и не сакаме да ги разбереме Божјите работи, си посакуваме многу слава и чест на земјата. Апостол Павле пишува: „И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше“ (2 Коринтјани 4,10). Денес да размислиме: што правам за да добијам вечна радост и живот вечен.
Ќесто да се трудиме често да се каеме пред Господа за нашите гревови, кои често ги забораваме. Цар Давид, според Светото Писмо, се покајувал пред Бога до крајот на животот. Знаеше како да греши, но знаеше како да му се извини на Господ и да се покае пред Него. Да го наследуваме, бидејќи нашето покајание всушност означува љубов кон Бога.
И.В./к.мк