Исусовата мака – доволен пример и водич низ животот

Исусовата мака – доволен пример и водич низ животот

Ако Бог некогаш дозволува да трпиме од болест, страдања и маки кои се многу тешки и сериозни, ќе ни помогне да се утешиме со набљудувањето на Исусовите болки и маки.

Исус ги вкусил сите видови на телесни и морални маки: Трпел од поганите и Евреите; од мажите и жените, како слугинката која го обвинила свети Петар. Трпел од господарите на нивните службеници, од обичниот народ (…). Трепел од роднините и пријателите, од Јуда, кој го што го предал и Петар, кој го негирал (се откажал од Него). Неговото достоинство трпело исмејување, дури и облеката му ја одземале, единственото нешто што го имал. Во душата чувствувал тага, празнина и страв, на телото болки од раните и ударите.

Да ја читаме секогаш маката Господова, советувал свети Иван Златоуст, затоа што ќе ни биде од неизмерна корист. Дури и ако си потврд од камен, размислувањето за омаловажувањата на кој што бил Исуса подложен, потоа исмеван и ударан и неговата завршна агонија ќе те направат помек од восок и ќе ја искоренат целата твоја суета во душата твоја. Многу луѓе се преобратиле, внимателно медитирајќи за Маката.

Свети Тома Аквински рекол: „Христовата мака е доволен пример и водич низ животот“. Посетувајќи го еднаш свети Бонавентура, свети Тома го прашал во кои книги нашол толку добра наука која ја изложил во своите дела. Се вели дека свети Бонавентура му го покажал распетието, веќе погодено од многу бакнежи и тој импресиониран рекол: „Ова е книгата која ми кажа сѐ што сум напишал, она малку што го знам, го научив од неа“. Распетието ги научило многу светци да трпат и вистински да го љубат Христа.

Маката Божја треба да биде чест предмет на нашата молитва, посебно во овие денови кои се толку блиску до таинството на нашето откупување.

„Ако е некако возможно, би сакал да почувствувам сѐ што чувствуваш. Но ти си совршен човек и твоите чувства се далеку повеќе префинети од моите. Гледајќи те тебе, секогаш одново гледам дека не знам да трпам. Зачуден сум од твојата подготвеност во потполност да се предадеш. Исусе, морам да Ти кажам дека сум кукавица. Гледајќи те со клинци на Крстот закован, како трпиш колку само може да се трпи, со рацете раширени во гест на Вечен Свештеник’ (Свети Хоземарија Ескрива, Света Бројаница), сакам да те замолам за нешто што можеби изгледа лудо, сакам да те следам, Господи. Сакам потполно на Тебе да се предадам, еднаш засекогаш, и да бидам подготвен да направам сѐ што сакаш од мене. Знам дека не сум ни приближно толку силен за да можам да извршам таква задача. Но знам дека те сакам, Исусе.“ (M. Montenegro, Via Crucis, XI).

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот