По повод 200 годишнината од раѓањето на свети Андреј Ким Таегон, првиот корејски католички свештеник и маченик, папата Фрањо во саботата 21 август 2021 година спрати порака до корејските католици кои живеат во Рим.
Во својата порака, Папата, меѓу другото, наведува дека свети Андреј Ким го смета за „примерен сведок на католичката вера, која тој херојски ја бранеше во тешките времиња на прогонство и страдање, како неуморен апостол за евангелизација“.
Свети Андреј Ким Таегон е роден на 21 август 1821 година и херојски ја бранел својата вера и правото на исповед, бил погубен на 16 септември 1846 година, на 25 годишна возраст. Овој прв корејски свештеник бил еден од 103 корејски маченици, вклучувајќи 15 жени, кои свети Иван Павле II. ги канонизира на 6 мај 1984 година во Сеул.
Прославата на 200 годишнината од раѓањето на свети Андреј Ким е дел од јубилејната година што ја прославува Католичката црква во Кореја од 29 ноември 2020 година до 27 ноември 2021 година.
Мото на јубилејот е „Дали си католички верник?“, Во согласност со прашањето кое прогонителите му го поставувале на свети Андреј Ким. Неговиот одговор на тоа прашање секогаш бил: „Да, јас сум католик“ и тоа доведе до негово погубување за време на суровото прогонство на католиците за време на династијата Чусон.
Корејскиот надбискуп и префект на Конгрегацијата за клерици Лазаро Ју Хеунг-сик за корејските католици што живеат во Рим служеше света Литургија во Рим во базиликата Свети Петар во сабота 21 август.
Ватикан њуз/к.мк