Католичките медиуми во Лурд на „Денови на свети Фрањо Салешки“

Католичките медиуми во Лурд на „Денови на свети Фрањо Салешки“

Во светилиштето Лурд од 24 до 26 јануари се одржуваат 22. Денови на свети Фрањо Салешки, заштитник на новинарите.

Таа традиционална меѓународна средба на католичките медиуми, во организација на Секретаријатот за комуникација и Францускиот сојуз на католички медиуми, ова година се одржува на тема „Медиумите и вистината.“ Во петок 26 јануари, во програмата е предвидена света Литургија која ќе ја предводи Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

Награда патер Жак Хамел

На крајот од евхаристиското славење ќе биде доделена „Награда патер Жак Хамел“, основана во спомен на свештеникот кој на 26 јули 2016 година го убија џихадистите додека служеше света Литургија во Руен. По тој повод ќе биде присутна сестрата на свештеникот Роселин Хамел.

Новинари од целиот свет

На овогодинешната средба ќе учествуваат медиумиски работници од целиот свет, и заедно ќе размислуваат за филозофската, теолошката и новинарската димензија на вистината, во насока на повикот на папата Фрањо упатен за комуникацијата во сите нејзини облици, да биде конструктувна и во служба на вистината.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот