Католичките и православните теолози ќе се сретнат во Чиети

Во италијанскиот град Чиети од 15 до 22 септември 2016 година ќе се одржи 14. Пленеарно собрание на Меѓународната мешовита комисија за теолошки дијалог помеѓу Католичката црква и православните Цркви.

Во италијанскиот град Чиети од 15 до 22 септември 2016 година ќе се одржи 14. Пленеарно собрание на Меѓународната мешовита комисија за теолошки дијалог помеѓу Католичката црква и православните цркви. Комисијата е основана во 1979 година од страна на папата Иван Павле II и екуменскиот патријарх Димитриј I. Од 1980 година комисијата одржала 13 пленеарни собранија и објавила пет документи.

На овогодинешното собрание од католичка страна ќе претседава кардинал Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните, а од православна страна архепископот Јов Геча, претставник на Цариградскиот екуменски патријарх при Екуменскиот совет на Црквите. Комисијата недела дена ќе работи зад затворени врати, но е предвидена една седница отворена за печатот во петок на 16 септември.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот