Католици.мк и Ватикан њуз започнаа со соработка

Католици.мк и Ватикан њуз започнаа со соработка

Во просториите на епископската резиденција во Скопје од 14 до 16 март 2019 година се одржа обука за волонтерите на Католици.мк за администрирање на интернет страницата на Ватикан њуз на македонски јазик, која е во подготовка. Обуката ја спроведоа претставници на Ватикан њуз, Жан Чарлс Путцолу и Андреја Макароне.

За време на престојот во Скопје претставниците на Ватикан њуз се сретнаа со епископот Стојанов, при што беше искажано обостраното задоволство од соработката помеѓу Католици.мк и Ватикан њуз.

Се очекува Ватикан њуз наредниот месец да започне да објавува вести на македонски јазик, а во соработка со волонтерите од Католици.мк.

Ватикан њуз е информативно средство на Светиот Пресол, кој својата работа ја започна на 27 јуни 2015 година со објавување на мото проприо на папата Фрањо, со кое е формиран Секретаријатот за комуникација, нов Дискастериј на Римската курија.

Интернет порталот на Светиот Престол има четири тематски подрачја: Активности на Папата, Ватикан, локалната Црква и вести од светот. Порталот информира на 33 јазици, и целта не е само да информира, туку и да понуди клуч за толкување на вестите и информациите во светло на Евангелието.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот