Катехеза на папата Фрањо за миропомазанието
Драги браќа и сестри во ова трета катехеза за светите Тајни, ќе се задржиме на миропомазанието кое треба да го гледаме во континуитет со крштението со кое е нераскинливо поврзано. Тие две свети Тајни заедно со евхаристијата го прават единствениот спасителски настан кој се нарекува „христијанска иницијација“ со кое сме соединети на Исус Христос умрен и воскреснат и стануваме нови созданија и делови на Црквата. Ете зошто на почетокот тие три свети Тајни се поделувани во иста прилика на завршетокот на катекуменскиот пат по правило на велигденско бдеење. Така е запечатен патот на изградба и постепено вклучување во христијанската заедница кој можела да трае и по неколку години. Се правело чекор по чекор да се прими крштението, потоа миропомазанието и евхаристијата.
Обично се говори за света Тајна „миропомазание“. Тој израз значи „помазание“. Имено, со елејот кој се нарекува „свето миро“ стануваме сообразени во силата на Светиот Дух, Исус Христос кој е единствен вистински „помазаник“, Месија, Светец Божји. Изразот „потврда“ нѐ потсетува дека таа света Тајна донесува зголемување на крсните милости: го зацврстува заедништвото со Христос; доаѓа полната наша поврзаност со Црквата; ни поделува посебна сила на Светиот Дух за да ја шириме верата, да го исповедуваме Христовото Име и никогаш да не се срамиме од неговиот крст. (Катехизам на Католичката Црква 1303).
Затоа е важно да се погрижиме нашите деца, нашите млади да ја примат таа света Тајна. Сите се грижиме да бидат крстени и тоа е добро, но можеби не се грижиме толку за да го примат миропомазанието. На тој начин ќе останат на пола пат и нема да го примат Светиот Дух, кој е многу важен во христијанскиот живот, затоа што ни дава сила да одиме напред! Да размислиме малку, секој од нас: се грижиме ли навистина нашите деца и млади да примат миропомазание? Важно е тоа, важно! И ако имате во својата куќа деца, млади кој сеуште не примиле а се на возраст кога треба да ја примат, направете сѐ што е во ваша моќ за да ја довршат христијанската иницијација и да ја примат силата на Светиот Дух. Тоа е важно!
Важно е секако на оние кои примаат миропомазание да им се даде добра подготовка, која мора да се стреми до тоа да се доведе до лично придружување до верата во Христос и да се разбуди во нив чувство за припадност на Црквата.
Миропомазанието, како и секоја света Тајна не е дело на луѓе, туку дело на Бог кој се грижи за нашиот живот на начин нас да нѐ сообрази на сликата на својот Син, за нас да нѐ направи способни да љубиме како него. Он тоа го прави вградувајќи Го во нас Светиот Дух чие делување продира во целиот човек како што тоа јасно се гледа од седумте дарови на кои традицијата во светло на Светото Писмо секогаш укажувала. Можеби ги знаете сите… Но ќе ги повторам во ваше име. Кои се тие дарови? Мудрост, разум, совет, јакост, знаење, побожност и страв Божји. И тие дарови ни се дадени со Светиот Дух во светата Тајна миропомазание. За тие дарови имам намера да посветам катехези кои ќе следат после овие за светите Тајни.
Кога го примаме Светиот Дух во нашето срце и го пуштаме да делува самиот Христос станува присутен во нас и се обликува во нашиот живот; преку нас, самиот Он, Христос ќе моли, простува, ќе влева надеж и утеха, ќе служи на браќата, ќе биде ближен на оние во потреба, на последните, ќе создава заедништво, ќе шири мир. Помислете само тоа колку е важно: по Светиот Дух доаѓа самиот Христос да го направи сето тоа меѓу нас и за нас! Поради тоа е важно децата и младите да ја примат таа света Тајна.
Драги браќа и сестри, да се сетиме дека сме примиле миропомазание! Сите ние! Да се сетиме пред сѐ за да му заблагодариме на Господ за тој дар, а потоа да го молиме да ни помогне да живееме како вистински христијани, секогаш чекорејќи низ животот со радост преку Светиот Дух Кој ни е даруван!
РВ/Д.И.
1336