Кардинал Џивиш за канонизацијата на блажениот папа Иван Павле II
Краков, 20.6.2013/ к.мк/ – „Завршија формалностите за канонизација на Иван Павле II“ изјави на 18 јуни во Краков некогашниот секретар на блажениот Папа, кардинал Станислав во разговор за германската католичка агенција КНА, коментирајќи ги медиумските објави за брза канонизација на блажениот Папа. Осврнувајќи се на новинарските шпекулации за датумот на канонизација, кардиналот додаде дека папата Фрањо треба одреди термин кога блажениот папа Иван Павле II ќе биде прогласен за светец.
Како што пренесува КНА, кардинал Џивиш уште пред неколку дена изјави дека постои надеж тоа да се случи во октомври ова година, но до сега од Ватикан тоа не е потврдено.
За да се признае чудото кое се случило по заговор на блажениот Иван Павле II, лекарската документација мора да ја потврди теолошка комисија – Конгрегација за прогласувања на светци, а потоа истите тие ќе бидат испратени за да добијат потврда од кардиналите и Светиот Отец. (Д.И.)