Претседателот на Амазонската црковна конференција (CEAMA) кардиналот Клаудио Хумс (87) предупреди дека Амазонија се раапаѓа по актуелниот развој на земјоделството и рударството и илегалното искпоување на злато.
Во пастирското писмо објавено на интернет страницата на Епископската конференција на Бразил по повод Меѓународниот ден на прашумите, 14 септември надбискуп на Сао Паоло во мирување предупредува дека „распнувањето на Амазонија нанесува стардање на многу синови и ќерки Божји.“
Уништувањето на животната средина достигна апсурдни размери, а Меѓународниот ден на прашумите е добра прилика за да се предупреди на драматичното влошување на состојбата. Каридналот меѓу останатото наведе дека Институтот за клима „Инпе“ само во август забележа 2228 пожари, двојно повеќе од минатата година. Хектари и хектари прашуми сѐ побрзо исчезнуваат, истакнува бразилскиот кардинал.
Предупреди дека во извештајот на Светската комисија за климатски промени (IPCC) се наведени последиците од уништувањето на шумите – земјоделските површини ќе претворат во пустини, суша и екстремни времнски непогоди кои директно влијаат на производството на храна. Кардиналот Хумс ја осуди и алчноста на сопствениците на земјиштето кои ги интересира само профитот во име на кој се труе храната, почвата, водата и воздухот. Тој модел на производство не ја почитува природата и на крајот предизвикува глад и беда.
Кардиналот предупредува и на опасноста дека уште повеќе домородци ја губат својата земја – моментално во Конгресот во Бразил како и на Врховниот суд се настојува да им се поништат нивните со Устав загарантирани права.
За владата на претседателот Жаир Болсонар уништувањето на Амазонија од 2018 година повотрно е во пораст. Пред тоа во 2012 година се успеало годишно да се намали сечењето од околу 28.000 квадратни километри да се сведат на околу 5000 квадратни километри. Последните податоци повторно бележат 10.000 исчистени квадратни километри во 12 месеци.
Амазонската црковна конференција (CEAMA) е тело за спроведување предлозите кои се произлезени од посебната Синода за Панамазонија од 2019 година.
Ика/к.мк