Кардинал Филони даде интервју за CNN
Во интервју дадено за CNN во понеделник 15 септември, кардинал Филони истакна дека треба да се стави крај на таканаречената Исламска држава поради заштита на животите на цивилите. „Никој не смее да го злоупотребува Божјото име или такво нешто да прави во негово име“ – рече кардиналот Фернандо Филони, алудирајќи на јавното убивање цивили со отсекување глави, кои ги спроведува оваа милитантна група.
„Тоа всушност е ѓаволско делување“ – продолжи кардиналот. „Не велам војна, туку заштита на луѓето во потреба. Тоа е она што тие луѓе бараат и очекуваат. Папата посебно зборуваше за таканаречената Исламска држава, истакнувајќи дека таа група треба да биде запрена, не неопходно со бомбардирање или традиционален начин на војување. Светиот Отец повеќе пати зборува за тоа, исклучувајќи ја војната“, рече кардиналот.
„Но и ние сега не зборуваме за војна; зборуваме за нешто друго. Некоја многу добро опремена група терористи, со пари идеолошки напаѓа луѓе од кои никој не е вооружен за да може да се брани. Тие се без оружје, тоа се само едноставни и сиромашни селани, семејства, луѓе од села, мирољубиви луѓе. Наша првотна должност е, поради почитување на човечките права и за доброто на човештвото, тие луѓе да се заштитат и на секој начин да им се помогне.“
Кардинал Филони, кој за време на американската воја, помина многу време во Ирак и кој штотуку се врати од посета на Курдистан, рече дека светот има „морална обврска“ да се ангажира и да ги заштити тие луѓе. Ние сме дел од тие луѓе, тие се дел од нашата човечност, тие се христијани, Језиди, тие се малцинство, но без разлика на тоа, сите тие имаат потреба од нашата подршка. Курдските водачи ми кажаа – се присети – дека им е потребна само опрема, не бараат луѓе на терен за да можат да се одбранат.
Секако дека знаеме дека првата должност, што се однесува на нивната заштита и одбрана се однесува на ирачката влада. Но бидејќи таа не е во сосотојба да ги одбранат тие луѓе, тогаш таа должност – барем до моментот кога локалната влада ќе биде подготвена да ја преземе својата должност – треба должноста да ја преземе некој друг. Многу луѓе ми кажаа кога таму би имало „меѓународна безбедност“, би се вратиле во своите села.
„Запознав тројца млади кои избегаа од нивните села, во покраината Сингар, кои ми рекоа дека само тие тројцата кои побегнале се спасиле; сите девојки, девојчиња и средновечни жени се исчезнати. Дали можеме и понатаму да седиме и да чекаме? Што треба да чекаме? Што ако меѓу тие девојки е мојата сестра, мојата мајка или мојата жена или деца, дали можам само да ја свртам главата на другата страна!? Тоа е моето прашање, рече кардиналот во интервјуто.
РВ/го*ко