Кардинал Пуљиќ изрази сочувство до бискупот Стојанов

Кардинал Пуљиќ изрази сочувство до бискупот Стојанов

Врхбосанскиот надбискуп и митрополит Винко кардинал Пуљиќ на 26 август 2021, изрази сочувство до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов по повод смртта на неговата мајка Велика Стојанова.

Во оваа прилика, кардинал Пуљиќ најпрво изрази христијанско сочувство до блиските и далечни роднини на бискупот Стојанов, во негово лично име и во име на Врхбосанската надбискупија „Се соединувам со вас во молитвата за нејзината душа и во исто време му благодариме на Бога за нејзиниот живот. Таа беше мајка која прифати животи од Бога, Црквата и народот и ги донесе на светот. Како мајка, таа беше прва учителка на верата, но и на духовните звања.  После овоземскиот живот, минувајќи низ многу крстови, искрено се надеваме дека таа го изврши своето чистилиште на земјата и горливо молиме милостивиот Бог да ја прегрне со својата божествена љубов и да ја осветли со неговата вечна светлина“, пишува кардинал Пуљиќ и додава: „На вас живите, ожалостените ви посакувам утеха во верата која е втемелена на Хрисовото воскресение, кој ни ветува вечен живот и воскресение на мртвите.“

Недјелја.ба/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот