Кардинал Пел: Обвинувањата се лажни

Кардинал Пел: Обвинувањата се лажни

На конференцијата за медиумите, која е одржана во Ватикан на 29 јуни 2017 година, кардинал Пел ги отфрли сите обвинувања, истакнувајќи дека тој е невин и дека обвинувањата се „лажни“ а „целиот поим за сексуално злоставување за него е одвратен“.

Исто така кардинал Пел ја повтори својата критика до правосудството, кое дозволи доверливи материјали за истрагата да протечат во медиумите: Се случи истекување на информации во медиумите, како и немилосрдни напади врз мене, а повеќе од месец дена се расправа за тоа дали треба да се покрене обвинение. Се радувам што конечно ќе можам да го имам својот ден во судот, рече кардиналот. Обвинителниот акт уште повеќе ме охрабри во мојата одлучност. Сега судот ми дава можност, моето име да го исчистам и потоа повторно да се вратам на мојата работа во Рим – изјави кардинал Пел.

Надбискупот Марк Колериџ, заменик претседател на Епископоската конференција на Австралија изјави за медиумите дека „за кардиналот треба да важи пресумпција на невиност, како и за секој друг додека не заврши сослушувањето пред судот во Мелбурн, 18 јули.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот