Кардинал Паролин: Солидарноста е алтернатива на тероризмот

Кардинал Паролин: Солидарноста е алтернатива на тероризмот

Против заканите на мирот и сигурноста, денес повеќе отколку некогаш, не треба да се затвораме во сопствените интереси, затоа што промовирањето помеѓу луѓето и народите е алтернатива на оружјето, насилството и теророт – рече кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, кој овие денови престојува на Мадагаскар по повод одбележување на 50 годишнината од дипломатските односи помеѓу Светиот Престол и островската држава во Индискиот океан.

Неопходно е промовирањето на средбата и дијалогот помеѓу луѓето кои припаѓаат на различни етнички општества, култури и различни религии. Иднината на една земја, како што е Мадагаскар, треба да се поттикнува на таква различност. Поради човекот, мирот и правдата, добро е да се урамнотежат разни идеи и различни политички мислења – истакна кардиналот.

Тоа е навистина тежок пат со несигурни исходи, но мирот, како што рече Папата на 9 јануари на Дипломатскиот кор, се остварува со солидарност, а не со криење во малите наши интереси, во индивидуалистичкото затворање или помалку – повеќе со прикриен национализам, кој што веќе го обојува пејсажот на постглобалниот свет.

Најсигурна метода за изградба на подобра иднина е враќањето на достоинството на оние кои трпат. Кардиналот потсети на говорот на Папата во Конгресот на Соединетите Американски Држави од 24 септември 2015, година, кога истакна дека служењето на дијалогот за мир значи исто така одлучно и неодложено стопирање на некои конфликти, како и постојано заземање за да се завршат во светот многу вооружени конфликти. Треба да се запрашаме: „Зошто убиственото оружје се продава на оние кои сакаат да нанесат неопишливо страдања на општествата?“ За жал, одговорот е, а сите ние го знаеме, поради парите кои што се натопени со крв, многу често од невините луѓе. Пред тој срамотен и казнив чин, ние мораме да се соочиме со проблемот и да ја стопираме трговијата со оружје – истакна кардинал Паролин.

Границите не секогаш се затвораат, напротив тие се отворени кога е во прашање заработката. Во оваа криза не е доволна, ниту солидраноста, ниту споделувањето, туку треба праведно да се однесуваме кон сиромашните држави. Вистина, злоупотребата на природните богатства и нивното искористување никогаш не застанаа пред државните граници или пред идентитетот на некој народ. Најголемиот дел од светското население поради тоа секојдневно ги плаќа последиците на сирмаштвото, неразвиеноста, експлоатацијата – нагласи кардиналот.

Кардинал Паролин рече дека треба да се реагира кога човекот е изложен пред секаков интерес, никој не мора да живее без чувство на припадност на некое семејство, народ, земја или Бог. Бедата во нарцисоидното срце единствено ги гледа своите интереси, а тоа расте кога забораваме дека животот е дар, кој сме го примиле од други, а сме повикани да го делиме во оваа заедничка куќа – истакнува Папата во проповедтта на 1 јануари 2017 година.

Државниот секртар Паролин својот говор го заврши со зборови на папата Фрањо: Без понизност нема мир. Каде што е гордоста секогаш има војна, желба за превласт над другите, сметање поголем од другите. Без понизност нема мир, а без мир нема единство, се зборови на папата Фрањо во проповедта на 21 октомври 2016 година.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот