Кардинал Паролин: „Нема конфорнтација меѓу исламот и христијанството“

Конфликтот во Ирак „не е конфорнтација меѓу исламот и христијанството“. Ова го истакна пред новинарите Државниот секретар на Ватикан, кардинал Питеро Паролин, по завршувањето на светата Литурија на 23 август 20014 година во Венеција. Постојат бројни примери во Сирија каде муслиманите се солидарни со прогонетите христијани.

Тој не верува дека нападите врз христијаните се спроведени од страна на регионалните следбеници на исламот, истакнува понатаму Државниот секретар на Ватикан. Тој се надева дека ќе се дојде до решение, продолжи Пароилин. Понатаму постојат надежи дека христијаните наскоро ќе се вратат во своите села. Ватикан се надева за обнова на Ирак преку политички средства, што мора да биде гарантирано со вклучување на сите малцинства.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот