Кардинал Паролин му честиташе на новиот американски претседател

Кардинал Паролин му честиташе на новиот американски претседател

Доналд Трамп е избран за 45. по ред претседател на Соединетите Американски Држави. По тој повод Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин даде изјава за медиумите.

Тој истакна дека ја почитува волјата на американскиот народ и му честиташе на новиот претседател со надеж дека „неговата служба ќе донесе многу плодови.“ Кардиналот вети дека ќе се моли „Господ да го прослветли и поддржува“ господин Трамп во неговата служба за САД како и во службата за мир и благосостојба во светот. Папскиот државен секретар заклучи дека е „важно сите заедно да соработуваат за да се промени светот кој е исполнет со голем број големи потешкотии и конфликти.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот