Кардинал Паролин за можноста Папата да напише постсинодско писмо
Кардинал Пиетро Паролин, изјави дека е можно папа Фрањо да состави документ поврзан со Синодата за семејството.
Како што пренесува списанието „Америка“, истиот кардинал потсети дека синодските отци во завршниот документ изразија желба Светиот Отец да состави документ за семејствата.
Запрашан дали времето за евентуалното објавување на документот ќе биде долго или кратко, кардинал Паролин призна дека не знае. Рече дека пред сѐ треб да да се види каква намера има Папата. Меѓутоа додаде како претпоставува дека времето нема да биде предолго, бидејќи таквите работи се прават во релативно кратко време, во спротивно губат на сила и значење. Мислам, ако Папата одлучи да напише документ, тоа ќе го строи во релативно кратко време – рече кардинал Паролин
РВ/Б.Р.