Во новата синодска сала, на 4 октомври е промовирана енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti“ (Сите сме браќа) на која Папскиот државен секретар повторно ги истакна зборвите на Светиот Отец дека пандемијата ја разоткри нашата лажна сигурност.
Треба да се продолжи да се оди по патот на братството и заедничкото делување со цел вистинска општествена праведност на светско ниво – истакна Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин на прес конференцијата на која е претставена енцикликата „Сите сме браќа“. Притоа напомена дека Папата го користи искуството од пандемијата кое – според неговите зборови, ја разоткри нашата лажна сигурност (FT, 7), за да истакне дека е потребно делување кое е во состојба да даде одговори, а не само да ги анализира фактите. Тоа е делување сѐ уште е нецелосно затоа што јасно се воочи неспособноста за заеднички активности. И покрај тоа што сме хипер-поврзани, утврдена е расцепеност која го отежнува решавањето на проблемите кои се однесуваат на сите луѓе.
Кардиналот потоа истакна дека братството за да стане средство за делување во меѓународните односи, според мислењето на Папата потребно е да се развива духовното братство, но истовремено и ефикасна светска организација која би помогнала да се решат итните проблеми. Во таа смисла треба уште многу да се направи.
Тоа што се случува на современата меѓунардона сцена – рече кардиналот Паролин, е отворена противречност помеѓу општото добро и склоноста на давање предност на интересите на поединечни држави со уверувањето дека може да постои „зона без надзор“, односно дека важи логиката дека она што не е забрането значи е дозволено. Резултатот од тоа е како што тврди папата Фрањо во енцикликата дека мноштвото напуштени луѓе се оставени на милост и немилост од евентуалната добра волја на поединци, што е токму спротивно од братството.
Главната цел на братството треба да биде дијалогот помеѓу народите, а за тоа премногу е потребен мултилатерализам, посебно во светското општество кое поминува низ расцепканост на идеи и одлуки. Резулатот од тоа е исклучиво прагматичен пристап кој ги заборава начелата и правилата, но и постојаните крикови за помош кои се во состојба да се загрози меѓународната стабилност. Така спротивставеностите и конфликтите се претвораат во војни – рече кардиналот.
Напротив преку културата на братството папата Фрњо го повикува секој од нас да го сака другиот народ, другата нација како сопствена и така да се градат односи, правила и институции, напуштајќи ги целите на моќта, на разделувањето, на затворени гледања, егоистично и едностарно однесување затоа што само збирот на индивидуални интересни не е во состојба да создаде подобар свет за целиот човечки род – истакна кардиналот Паролин.
Ватикан њуз/к.мк