Во склоп на посетата на Лурд, Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин се сретна на 15 август со членовите на конгрегацијата која ја основа францускиот свештеник Емануел д Алзон и во говорот спомна за 175 годишнината од основањето на конгрегацијата во однос на денешните предизвици.
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица и Националното поклонение на Конгрегацијата на отците Августинци на Богородичното Успение по повод 175 годишнината од основањето на конгрегацијата, Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин беше во посета на Лурд. На 15 август се сретна со членовите на спомнатата конгрегација и ја спомна историјата на таа монашка заедница, за добрата кои ги придонела за развојот на духовноста во човекот, како и за потребите кои сегашното време ги бара од нивната харизма.
Во вашето лице се одразува лицето на вашиот основач Емануел д Алзон и на сите учесници во текот на изминатите години во служењето на Христос, Евангелието, Црквата и на целото човештво. Тоа е лице кое сè уште не го исцрпило својот „простор“ и своето „изразување“ – рече кардиналот. (…)
Анализирајќи ја денешената состојба за евангелизација, кардиналот ја истакна потребната промена во начинот на размислување и однесување, бидејќи – како што рече, денес повеќе не сме единствените кои ја произведуваме културата, а ниту први, ниту оние кои најмногу се слушаат. Зборуваше освен тоа за новиот пасторален менталитет, што не значи дека треба да се премине на релативистички пасторален пристап, и го истакна служењето на ближниот и интерсирањето единствено за Христос.
Во денешниот свет – рече, звањата се во опаѓање, евангелизацијата појдува од нашите градови, а Божјото присуство често е маргинализирано. Сите нас тоа нè повикува да бидеме понизни и „последни“ во слоевитите средини на екуменскиот и меѓурелигискиот дијалог, и солидарни со сиромашните и исклучените од овој свет, па и со нашиот заеднички дом, нашата планета, ранета од алчноста, економскиот систем и криминалните организации – предупреди кардиналот Паролин.
Ватикан њуз/к.мк