Кардинал Крајевски на отворање на преноќиште за сиромашни во Калабрија

Кардинал Крајевски на отворање на преноќиште за сиромашни во Калабрија

Папскиот делител на милостина, кардинал Конрад Крајевски, однесе помош од папата Фрањо во парохијата „Свети апостол Павле“ во место Праја а Маре во Калабрија и присуствува на отворањето на дом за бездомници.

Потврда за нашeто дело и знаk на голема близина – така дон Марко Авена парох во италијанското место Праја а Маре, во разговор за ватиканското радио ja опиша помошта, а посетата на кардинал Крајевски на неговата парохија ја нарече вистински благослов. Имено, Папскиот делител на милостина пристигна во Калабрија за да ја донесе помошта на папата Фрањо на таа заедница. Донесе храна за народната кујна, која работи веќе подолго време. Исто така донесе и Бројаница, која е подарок од Папата и која ќе оди од човек на човек и кој сака ќе може да ја задржи 24 часа и да моли за Црквата, Папата и оние во потреба, а потоа да ја предаде на други лица.

Кардинал Крајевски пристигна за да го благослови „Домот на Рут“, преноќиште за 13 лица, кое е овозможено благодарејќи на средства од Италијанскиот Каритас и државата. Дон Марко и 30 волонтери се грижат за работата на народната кујна и просторот и имаат веќе 5 сиромашни бездомници кои живеат таму. Дон Марко им помогна на овие луѓе, затоа што имале доверба во него. Поради желбата да се помогне на сиромашните, напуштените, зависниците и кои сакаат да се променат, се роди ова преноќиште.

Близината и чувството за сиромашните во овој свештеник се родиле за време на студирањето теологија во Рим. Навечер носел топол оброк на бездомните и се обидувал да ги убеди да одат во преноќиштето. Откако се вратил во својата родена парохија, тоа искуство го искористи. Сиромашните ме охрабруваат во мојот повик – рече дон Марко и додаде: Додека сум со нив, се чувствуам дека со рака ја допирам Христовата присутност. Понекогаш знае да биде напорно, не спијам како би ги побарал оние кои заминале од тука за да им помогнам да не паднат повторно во лошите навики.

Милосрдната љубов е потполно бесплатна. Се случи некои да заминат, а да не кажат ништо. Тоа е Евангелието: да се помага и ништо да не се очекува за возврат. Вистинската награда доаѓа од Господ. Благослов е да се види ангажираност на многу вполонтери и цели семејства кои се трошат за другите. Милосрдната љубов е заразна и го преобразува менталитетот, го менува срцето. Таму каде владеала недоверба, денес се наоѓаат отворени врати и сокровиште од страдања и болки – истакна дон Марко Авена.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот