Кардинал Винко Пуљиќ специјален делегат на папата Фрањо за татковинската прослава „Денови на Мајка Тереза“

Денес, 20 август 2016 година, Неговата Еминенција Пиетро кардинал Паролин, државен секретар на Неговата Светост, преку Апостолската нунцијатура во Македонија гo извести Скoпскиoт бискуп мoнс. д-р Кирo Стoјaнoв дека Светиот Отец папа Франциск го именува Неговата Еминенција Винко кардинал Пулиќ, надбискуп врхбосански, за свој специјален делегат на централната Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје. Благодарствената света Божествена литургија по повод канонизацијата на блажена Мајка Тереза ќе се одржи во недела на 11 септември 2016 година во родниот град на новата Светица.

Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одржат од 05 – 11 септември 2016 година во родното Скопје на Мајка Тереза под покровителство на Претседателот на Република Македонија проф. д-р Георге Иванов, кој воедно ќе ја предводи и државната делегација на прогласувањето на Мајка Тереза за светица на 04 септември во Рим.

 к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот