Итно ни е потребна вакцината на мирот. Сите христијани мора да се обединат и да ги слушаат зборовите на нашиот Господ: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам “ – пишува кардинал Чарлс Маунг Бо претседател на Епископската конференција на Мјанмар во пораката по повод Молитвената осмина за единство на христијаните – пренесе агенцијата UCA News.
Војната која трае седум децении е пандемија. Илјадници луѓето кои живеат во бедни кампови за раселени е пандемија. Дрогата и кражбите на нашите природни богатства се пандемија. Нашите генерации проживеале бескрајни војни кои со децении не решиле ниту еден проблем – истакнува кардинал Бо и затоа ги поттикнува христијаните да бидат пророци на мирот во Мјанмар кој е разорен од конфликтите, со децении мачен од граѓански војни, заради што мирот останува недостижен, додека повремените конфликти и понатаму траат во државите Карен, Шан и Ракин.
Само обединети можеме да се соочиме и да ги совладаме животните предизвици, како што нè научи кризната здравствена ситуација која предизвика ширење на коронавирусот. Единството е нашата сила и повик. Мирот е можен и е единствениот пат. Да се обединиме околу олтарот на нашата света земја и да го прекршиме лебот на мирот. Така обединети, Бог ќе ни даде мудрост како да ги надминеме нашите разлики и ќе нè благослови со непропадлива потрага за мир – напоменува на крајот каридналот Бо.
Ватикан њуз/к.мк