Кардинал Арборелиј прогласен за Швеѓанец на годината

Кардинал Арборелиј прогласен за Швеѓанец на годината

Швеѓанец на годината за ова 2017 година е прогласен католичкиот епископ кардинал Андерс Арборелиј, кој папата Фрањо го вброи во кардиналскиот колегиум на 29 јуни ова година.

Тој е првиот кардинал во историјата на Шведска и исто така првиот епископ со шведско потекло после лутеранската реформација. Католичката Црква во Шведска има околу 150.000 верници со различни корени, јазици и обреди.

Андерс Аброрелиј е роден во 1949 година. Станува католик во 1969 година, а две години подоцна, во 1971 година влегува во кармелитскиот манастир во Норви, Шведска. За свештеник е ракоположен во 1979 година.

Списанието „Фокус“ секоја година именува Швеѓанец на годината. За малата Католичка црква во Шведска, една од најсилно секуларизираните држави во светот, тоа е големо признание. Самиот кардинал Арборелиј во разговор за Радио Ватикан вели дека луѓето понекогаш се прашуваат дали навистина е Швеѓанец, затоа што мислат дека тоа е невозможно ако си католик, свештеник, епископ и кардинал. Задоволен сум со ова прогласување и го сметам тоа списание за храбро, бидејќи токму мене ми го додели тоа признание – вели кардиналот и додава: Тоа покажува дека Католичката црква сѐ повеќе станува шведска реалност и дел од културата на шведското општество. Таа е дел од процесот на интеграција, затоа што е возможно истовремено да се биде Швеѓанец и кардинал – вели кардинал Арборелиј.

Во образложението за именувањето на кардиналот на спомнатото списание е истакнато дека кардиналот Арборелиј е првиот Швеѓанец именуван за кардинал. Станува збор за личност која од самото назначување за епископ во 1998 година, бил дел од јавните расправи во Шведска, претставувајќи ја Католичката црква во земја чиј иденитет главно е лаички и лутерански. Како стокхолмски католички епископ, кардинал Арборелиј има и многу важна улога во поттикнувањето на средби помеѓу Швеѓаните и доселениците.

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот