Кардиналски совет: Улогата на жената во Црквата е исто така тема на јунскиот состанок

Кардиналски совет: Улогата на жената во Црквата е исто така тема на јунскиот состанок

Советодавното тело кое го основа Папата за да му помага во управувањето со Црквата го одржа својот редовен состанок. Како и на претходните состаноци во април и февруари, улогата на жената во Црквата беше една од точките за кои разговараа Папата и кардиналите, како и заштитата на малолетниците и работата на Бискупските конференции.

Во понеделник и вторник, 17 и 18 јуни 2024 година, во Ватикан се одржа уште еден состанок на Кардиналскиот совет, советодавно тело формирано од папата Фрањо на почетокот на неговиот понтификат за да му помага во управувањето со Црквата и спроведување на реформите. Како што информира Канцеларијата за печат на Светиот Престол, сите кардинални членови на Советот присуствуваа на состанокот во „Домот Света Марта“, под водство на Светиот Отец.

Како и на претходните неколку средби, така и овој дел од работата беше посветен на продлабочување на улогата на жената во Црквата. Некои говорници помогнаа во тоа. Конкретно, професорката Валентина Ротонди од Швајцарија го претстави погледот на економијата како грижа и добро владеење во перспектива на длабоки меѓугенерациски односи, додека Доната Хорак, предавач по канонско право, истакна различни антиномии како што се правдата и милоста, советодавната моќ и одлучувањеето, власта за одлучување, хиерархискиот принцип и црковното заедништво, демократизацијата и монархискиот модел во рамките на пошироките размислувања на канонското право. Првиот ден заврши со размена на идеи врз основа на овие извештаи.

Во вторник, 18 јуни 2024 година, кардиналот Шон Патрик О’Мали информираше за работата на Комисијата за заштита на малолетниците во однос на превенцијата, а кардиналот Освалдас Грацијас информираше за активностите на бискупските конференции. На крајот беше предвидено време за размена на мислења за состојбите во различни делови на светот, со посебен осврт на актуелните војни во различни делови на светот.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот